Струмичката компанија „НАЈК ПРОМ“ ДООЕЛ со седиште во с. Дабиле – Струмица, објави оглас за вработување на нови лица на две работни позиции.
Компанијата има потреба од:
✅ Возач за достава на територијата на Македонија со „Ц“ категорија
✅ Склопувач/составувач на машини и мотоцикли
Од компанијата информираат дека претходното работно искуство ќе се смета за предност, а на заинтересираните кандидати им нудат можност за работа во стабилна и професионална средина.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со посета во просториите на „НАЈК ПРОМ“ ДООЕЛ во с. Дабиле, да се јават на телефонскиот број 📞 076 213 416 или да испратат е-маил на 📧 najkprom@live.com























