strumica denes logo

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ВО СТРУМИЦА ПРЕД ЛОВНАТА СЕЗОНА – ИНСТИТУЦИИТЕ И ЛОВНИТЕ ДРУШТВА СО ЗАЕДНИЧКИ АПЕЛ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ!

Автор:

Датум:

април 30, 2026

Автор:

Датум:

април 30, 2026

На иницијатива на претседателот на Ловечкото друштво „Беласица“ Струмица, Зоран Ристов, беше одржан координативен состанок со учество на повеќе ловни друштва и релевантни институции од регионот. На состанокот присуствуваа претставници од ловните друштва „Скорош“ Куклиш, „Фазан“ Василево, „Гоце Делчев“ Босилово и „Елен“ Ново Село, како и од МВР Струмица, ЈП „Македонски шуми“ – ПСШ Беласица, АХВ, Стационар „Лана“, Ветеринарна амбуланта „Цвет“, ДЗС, ЦУК и доброволните противпожарни друштва од Струмица, Василево и Ново Село.

Главен фокус на средбата беше претстојната ловна сезона, при што беше потенцирана потребата од строго почитување на законските прописи и правилата. Учесниците разговараа за засилување на контролите, особено во делот на користење на оружје и управување со ловечки кучиња, како и за зголемување на активностите и координацијата меѓу сите засегнати страни.

Воедно, беше договорено унапредување на соработката со доброволните противпожарни друштва и континуирана размена на информации со цел навремено спречување на негативни појави како што се ловокрадство, бесправна сеча на шуми и предизвикување пожари.

Од состанокот беше испратена јасна порака дека преку заедничка координација и одговорен пристап, заштитата на природата и почитувањето на законите остануваат врвен приоритет за сите вклучени страни.