СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ѓ. (31) и Д.К. (45), двајцата од село Колешино, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите, на 3 април 2026 година, на локалниот пат кон Габровските водопади, полициски службеници забележале патничко возило „Фолксваген Голф“, во кое се наоѓале пријавените. Во еден момент, тие фрлиле ќеса со марихуана од возилото, која подоцна била пронајдена и одземена од страна на полицијата.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.
ВИЗУЕЛНА ИЛУСТРАЦИЈА: АИ ГЕНЕРИРАНА ФОТОГРАФИЈА





















