Мајката на малата Нина, девојче со посебни потреби кое со години се соочува со сериозни здравствени проблеми, упати јавен апел за помош. Состојбата на Нина се влошила со текот на времето – појавата на сколиоза, силни грчеви и дополнителни компликации по операцијата довеле до тоа таа денес да живее со постојани болки и да не може да се движи.
„Јас сум мајка на Нина – дете кое цел живот се бори повеќе отколку што многумина можат да замислат. Денес моето дете живее со постојана болка и покрај сите терапии. Како мајка, најтешко е да го гледаш своето дете како страда, а да знаеш дека постои надеж – но таа надеж е прескапа за нас“, вели мајката.
Надежта за подобар живот доаѓа од специјалисти во Америка, каде што Нина има можност за лекување и операција која може да ѝ ги намали болките и да ѝ овозможи подостоинствен живот.
„Специјалисти во Америка го презедоа нејзиниот случај и ѝ дадоа шанса за живот без болка. За жал, досега собраните средства не се доволни – за операцијата се потребни најмалку 54.361 евра, плус дополнителни трошоци за пат и престој. Ова е нашата последна шанса – ве молам помогнете“, апелира мајката на Нина.
🌐Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut: https://pavelandreev.org/mk/campaign/nina-zasluzhuva-zhivot-bez-bolka-i-so-nasmevka?fbclid=IwY2xjawRdv-NleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFxd1Z0Z0FMQ0J1ZVVxbWVFc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHnGYfFdffdrAnFyb2yO_fKDR0PhmXsTHNNgTr_RGCxZIW47SYH4QnbPamjDS_aem_cXGLyqYAk8JvDkafQ2jRRg
📞 Донации преку телефон:
📱 143 193 – Телеком
📱 143 473 – A1
🏦 Банкарски сметки:
Шпаркасе: 250500021369574
НЛБ: 210501724202015
IBAN: MK07250080008236959
SWIFT: INSBMK22
Банка: Sparkasse
🙏 Апел до сите…да не дозволиме болката да победи.
Да ѝ помогнеме на Нина додека сè уште има време.























