strumica denes logo

СТРУМИЦА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ОПШТИНСКА ИЗВОНРЕДНОСТ ЗА ПРОЕКТОТ „ВЕЛО СТРУМИЦА“

Автор:

Датум:

април 28, 2026

Автор:

Датум:

април 28, 2026

Општина Струмица се закити со значајно признание откако ја доби наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“, во рамките на програмата „ЕУ за Општините“.

Признанието било врачено од страна на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на настан организиран по повод шестгодишната континуирана поддршка за општините во државата.

Од Општина Струмица истакнуваат дека оваа награда претставува уште една потврда за нивната посветеност во креирањето современи, еколошки и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Воедно, со проектот „Вело Струмица“ се потврдува и значајниот придонес на општината во унапредувањето на урбаната мобилност и развојот на современа инфраструктура.