strumica denes logo

ОПШТИНА ВАСИЛЕВО СОБРА ОКОЛУ 1 ТОН ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО ЕКО АКЦИЈА!

Автор:

Датум:

април 24, 2026

Автор:

Датум:

април 24, 2026

Во рамките на одбележувањето на Еко месецот, во Општина Василево успешно беше реализирана масовна акција за собирање текстилен отпад, при што беа собрани околу еден тон отпаден текстил.

Како што информира градоначалникот Славе Андонов, во акцијата активно учество зедоа основните училишта, детската градинка, јавните претпријатија и институциите, како и голем број граѓани кои ја поддржаа иницијативата.

Граѓаните одговорно го одложуваа текстилниот отпад во посебно поставените контејнери, со што дадоа значаен придонес во намалувањето на загадувањето и подобрувањето на управувањето со отпадот.

Од Општината информираат дека специјалните контејнери ќе останат на поставените локации и во наредниот период, со цел граѓаните да имаат можност континуирано и секојдневно да го одложуваат текстилниот отпад.

Воедно се потенцира дека текстилниот отпад не завршува на депонија, туку се рециклира и добива нова употребна вредност.

Од Општина Василево упатија благодарност до сите учесници во акцијата, истакнувајќи дека заедничката ангажираност е клучна за создавање почиста и поздрава животна средина.