Големиот германски бренд „Лидл“ наскоро ќе стане дел од трговската мапа на Струмица, носејќи нови можности за потрошувачите. Според информациите, маркетот ќе се гради на локацијата на поранешниот хотел „Глигоров“, што претставува атрактивна и лесно достапна позиција за граѓаните.
Во моментот, изградбата се одвива согласно предвидената динамика, при што сите активности се реализираат во рамки на планираните рокови. Очекувањата се дека големото отворање ќе се случи до крајот на оваа година или најдоцна на почетокот на наредната, кога струмичани ќе добијат модерен маркет со широк асортиман на производи и современ концепт на пазарење.
Присуството на ваков реномиран бренд се очекува да донесе нов квалитет, конкурентни цени и свеж пристап во малопродажбата во регионот.
За сите дополнителни информации, порталот Струмица Денес навремено ќе ги информира своите читатели.
























