strumica denes logo

21 ГОДИНА ОД ТРАГИЧНАТА СМРТ НА МАКЕДОНСКИОТ ХЕРОЈ ГОРАН МУЈО – КОМАНДАНТОТ СО БЕЗРЕЗЕРВНА ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

април 4, 2026

Автор:

Датум:

април 4, 2026

Неговото име останува врежано во историјата како симбол на храброст, пожртвуваност и безрезервна љубов кон Македонија. Како командант, тој не беше само водач, туку и пример – човек кој стоеше рамо до рамо со своите соборци, секогаш подготвен да застане во првите редови кога беше најпотребно.

Неговата жртва не е заборавена, ниту ќе биде. Таа е потсетник дека слободата и мирот не се подарени, туку платени со највисока цена. Денес, со длабока почит и благодарност, се потсетуваме на неговото дело и го чуваме неговиот лик во нашите срца.

Вечна слава на херојот Горан Ѓоргиевски – Мујо.

Нека неговата жртва биде вечен аманет за идните генерации.