strumica denes logo

СЕ БРОЈАТ ДЕНОВИТЕ ДО ВЕЛИГДЕН: „ЕЛЕУСА ФОНДАЦИЈА“ СО ХУМАНА АКЦИЈА ЗА НАД 200 СЕМЕЈСТВА ВО СТРУМИЧКАТА ЕПАРХИЈА!

Автор:

Датум:

април 2, 2026

Автор:

Датум:

април 2, 2026

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, хуманитарната организација „Елеуса Фондација“ интензивно ги спроведува своите активности за поддршка на социјално загрозените семејства.

Како што информираат од фондацијата, донациите континуирано пристигнуваат, а производите се собираат и од поставените кошови за донации во маркетите. Во оваа хумана мисија активно се вклучени бројни волонтери, чии вредни раце неуморно работат на селекција и подредување на храната.

Во наредните денови, собраните продукти ќе бидат внимателно спакувани во пакети, по што ќе следи нивна дистрибуција до домовите на над 200 семејства, со цел празничните денови да ги дочекаат со достоинство и топлина.

Од „Елеуса Фондација“ упатуваат благодарност до сите граѓани и компании кои со својата хуманост придонесуваат оваа акција успешно да се реализира, испраќајќи порака дека заедништвото и солидарноста се најголемата вредност во овие празнични денови.