strumica denes logo

ВАСИЛЕВО КАКО ПРИМЕР: СЛАВЕ АНДОНОВ ГО ПРЕТСТАВИ УСПЕШНИОТ МОДЕЛ НА СОРАБОТКА!

Автор:

Датум:

март 30, 2026

Автор:

Датум:

март 30, 2026

Во рамки на настан посветен на зајакнување на меѓуопштинската соработка, градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, учествуваше на панел-дискусија на тема „Меѓуопштинската соработка како механизам за премостување на предизвиците при испорака на локалните услуги“.

Покрај Андонов, како панелисти активно учество зедоа и Ане Лашковска, заменик-министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, Елизабета Чуповска, државен секретар во Министерството за одбрана, Тодор Ефремов, секретар на Општина Кавадарци и Трајче Здравков, директор на Центарот за развој на источниот плански регион.

Во своето излагање, градоначалникот Андонов го презентираше успешниот модел на меѓуопштинска соработка воспоставен уште во 2005 година помеѓу општините Василево, Босилово и Ново Село. Како што истакна, ваквиот пристап обезбедил поддршка од УНДП и бил препознаен од Советот на Европа како пример за добра практика.

„Кога имате стабилен систем на соработка, донаторите полесно одлучуваат да вложат“, потенцираше Андонов.

На настанот беше истакнато дека меѓуопштинската соработка им овозможува на општините да развиваат заеднички решенија над административните граници, што претставува еден од клучните механизми за поефикасно обезбедување на јавни услуги и постигнување одржлив локален развој.