НУ Завод и Музеј – Струмица денеска потпиша Меморандум за соработка со Општина Василево, со што се поставува цврста основа за унапредување на заедничките активности во областа на заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство.
Со потпишувањето на овој Меморандум се отвора можност за продлабочување на институционалната соработка преку заедничка реализација на проекти, размена на стручни знаења и искуства, како и креирање нови иницијативи за развој на културниот туризам во регионот.
На средбата со градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, беше нагласена важноста од координиран пристап во заштитата и афирмацијата на културното наследство како значаен сегмент од националниот идентитет.
Од НУ Завод и Музеј – Струмица истакнуваат дека оваа соработка ќе придонесе кон поголема видливост и одржливо управување со културните добра, во интерес на граѓаните и идните генерации.



























