КПУ Затвор Струмица, согласно својата програма за работа, реализираше една од најзначајните показни вежби, спасување, евакуација и локализирање на пожар во просториите на установата.
Вежбата беше спроведена во координација со Противпожарната служба, Црвен крст, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), при што беше демонстрирана висока меѓуинституционална соработка.
Со висок степен на подготвеност и професионалност, успешно беа реализирани сите предвидени активности, а во рамки на сценариото беа локализирани два симулациски пожари.
Со оваа вежба уште еднаш се потврди значењето на навремената и координирана реакција, како и подготвеноста на надлежните институции за ефикасно справување со вонредни ситуации.



























