strumica denes logo

УТРЕ, ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК – БЕЛ ФАСУЉ НА ПЛОШТАДОТ ВО СТРУМИЦА, ОРГАНИЗИРАНО Е ПОДГОТОВКА И РАЗДЕЛУВАЊЕ НА ПОСЕН РУЧЕК!

Автор:

Датум:

февруари 22, 2026

Автор:

Датум:

февруари 22, 2026

Утре, 23 февруари (Чист Понеделник), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот плоштад ќе се организира подготовка и бесплатно разделување на посен ручек – бел грав, како дел од одбележувањето на овој ден во духот на традицијата.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и со своето присуство да дадат значење на секој момент од убавата струмичка традиција, која се пренесува од генерација на генерација.

Настанот е отворен за сите и има за цел да ја поттикне заедништвото, почитта кон обичаите и празничната атмосфера во градот.