Организациониот одбор на Струмичкиот карневал ја информираше јавноста дека по завршувањето на Интернационалната карневалска поворка ќе се одржи големо афтерпарти на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица. Како што наведуваат од Организациониот одбор, под мотото „Сите на нога со Кирил Џајковски“, публиката ја очекува концерт и незаборавна карневалска атмосфера во срцето на градот.
ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ: КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ СО КОНЦЕРТ НА ПЛОШТАДОТ ВЕДНАШ ПОСЛЕ КАРНЕВАЛСКАТА ПОВОРКА ПОД МОТОТО „СИТЕ НА НОГА СО КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ“

























