strumica denes logo

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок

Автор:

Датум:

јануари 19, 2026

Автор:

Датум:

јануари 19, 2026

Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота, напиша на Фејсбук, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Водици носи и силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок.
Осветувањето на водите и фрлањето на Крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж!

Овој голем ден нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе. Во овие моменти, луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно.

Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството.

Нека Богојавление – Водици ни донесе духовна сила, трпение и мудрост!

Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро!

За многу години!

  • Banner