strumica denes logo

ДИРЕКТОРОТ НА МУЗЕЈ-СТРУМИЦА ИЗВРШИ УВИД ВО КОНЗЕРВАТОРСКИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ХРАМОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Во рамки на активностите на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица, денеска беше извршен увид во црква „Св. Кирил и Методиј“ – Струмица, со цел согледување на актуелната состојба и подготовка за наредните конзерваторски зафати.

Директорот на институцијата, Бранко Ѓоргиев, информираше дека за реализација на основниот конзерваторски проект за храмот е обезбеден буџет од 15 милиони денари.

Од НУ Завод и Музеј – Струмица нагласуваат дека институцијата и понатаму посветено ќе работи на заштита, валоризација и презентација на културното наследство, во интерес на сегашните и идните генерации.

  • Banner