Православните христијани на 19.01.2026 година (понеделник) го слават еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици.
И годинава, овој празник во организација на Струмичката епархија при МПЦ-ОА, ќе се одбележи со осветување на водите и положување на Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во 12:00 часот.
На овој празничен чин ќе присуствува и градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, кој на најбрзиот учесник во фаќањето на Светиот крст ќе му врачи награда – Крст реликвијар од Цареви Кули, како симбол на благослов и благосостојба.
























