Службата за противпожарна заштита ТППЕ Струмица упати јавен апел до граѓаните кои ги паркираат своите возила во кругот на црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ , да внимаваат и да не ги блокираат службените возила на пожарникарите.
Од ТППЕ Струмица посочуваат дека неправилното паркирање во овој простор директно го попречува движењето и навремената интервенција на противпожарните возила, со што се доведува во прашање ефикасното извршување на нивните обврски и задачи.
Апелот е упатен со цел да се обезбеди непречен пристап и брза реакција во итни ситуации, при што од службата повикуваат на поголема совесност и одговорност од страна на сите граѓани.

























