strumica denes logo

ПО ВИДЕОТО НА СТРУМИЦА ДЕНЕС, „КОМУНАЛЕЦ“ ГО ОСУДИ ВАНДАЛСКИОТ ЧИН НА СЕЧЕЊЕ НА КАБЛИТЕ ОД ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

декември 28, 2025

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 28, 2025

Категории:

Струмица

Јавното претпријатие за комунални дејности ЈПКД „Комуналец“ – Струмица најостро го осуди вандалскиот чин на сечење на каблите од јавното осветлување, кој се случил на кружниот тек на излезот од Струмица кај бензинската станица „Макпетрол“.

Од претпријатието посочуваат дека ваквите несовесни и неодговорни постапки предизвикуваат директна материјална штета, но уште поважно – сериозно ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот и на граѓаните во целина. Јавното осветлување, како што нагласуваат, претставува општо добро и има клучна улога во обезбедувањето сигурност и подобар квалитет на живот во урбаната средина.

ЈПКД „Комуналец“ упатува апел до граѓаните, доколку забележат вакви или слични појави, веднаш да ги пријават до надлежните институции, со цел навремено реагирање и спречување на понатамошни оштетувања на јавната инфраструктура.

Од претпријатието потенцираат дека само со заедничка грижа, одговорност и соработка може да се заштити јавниот имот и да се зачува Струмица како безбеден, функционален и уреден град.