strumica denes logo

БРАВО ЗА ЦЕЛАТА ОРГАНИЗАЦИЈА: Ноќ за паметење – Новогодишна хуманитарна приредба во ООУ „Гоце Делчев“ – Василево!

Автор:

Датум:

декември 27, 2025

Автор:

Датум:

декември 27, 2025

Новогодишната хуманитарна приредба што се одржа во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево беше вистинска празнична магија и настан кој долго ќе се памети. Во топла и свечена атмосфера, училиштето беше исполнето со радост, емоции и дух на хуманост.

Прекрасната новогодишна вечер беше збогатена со фантастични изведби на учениците, кои со својата искреност, вложен труд и талент успеаја да ја воодушеват публиката и да ја исполнат салата со позитивна енергија. Настапите беа доказ за посветената работа и љубовта што учениците и наставниците ја вложуваат во ваквите активности.

Искрени честитки заслужуваат директорот, наставниот кадар, учениците и родителите за одличната организација и за покажаната грижа, солидарност и заедништво. Ваквите настани уште еднаш потврдуваат дека кога сме обединети околу хумана цел, навистина можеме повеќе.