strumica denes logo

ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА ТИМ „ЗОРАН“ОД СТРУМИЦА НА „BALKAN BEST“ ВО СРБИЈА!

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Автор:

Датум:

декември 16, 2025

Тим „Зоран“ од Струмица настапи на меѓународниот натпревар „BALKAN BEST“ што се одржа во Ниш, Србија, каде учествуваше со четворица натпреварувачи и оствари максимален ефект, освои вкупно четири медали.

Струмичките претставници се вратија со две златни и две бронзени одличја, потврдувајќи ја одличната форма и континуираната работа на клубот. Со овој резултат, Тим „Зоран“ уште еднаш ја промовираше Струмица на регионалната спортска сцена и испрати силна порака за квалитетот што го гради во своите редови.

Од тимот истакнуваат дека успехот во Ниш е мотив повеќе за продолжување со интензивните тренинзи и подготовките за наредните натпревари, со цел задржување на високото ниво и нови успеси во периодот што следува.