strumica denes logo

Нема повеќе евтини цигари на грчкиот ФРИШОП меѓу Богородица и Евзони!

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Фришопот кој се наоѓа помеѓу граничните премини Евзони и Богородица повеќе не нуди евтини цигари за своите потрошувачи. Рафтовите на кои претходно беа изложени цигари Оме, Паркер и Симпсон и Гламур, а кои се продаваа по околу 13,5 евра за штека, односно промотивно две штеки можеа да се купат за 24 до 26 евра, се сосема празни.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Голем број на македонски, но и српски граѓани, на враќање од Грција редовно се снабдуваа со евтините цигари со години наназад, но сега веќе во Фришопот можат да се купат единствено цигари со значитено повисоки цени, односно со цени слични како во продавниците кај нас, од 25 евра за штека, па нагоре.

Вработени во Фришопот за ВИКИМЕДИА велат дека немаат официјална информација дали пак во блиска иднина ќе се најдат во продажба овие брендови на цигари, иако биле едни од најпродаваните кај нив. Дури и пак да ги има во продажба, тешко дека ќе биле со истите цени.

  • Banner