strumica denes logo

ПРЕТРЕСИ ВО КУЌА И ЛОКАЛ НА СТРУМИЧАНЕЦ: ПОЛИЦИЈАТА ЈА ЗАТЕКНА НЕГОВАТА СОРАБОТНИЧКА КАКО ПАКУВА ДРОГА!

Автор:

Датум:

декември 13, 2025

Автор:

Датум:

декември 13, 2025

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.К.(66) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,поттикнување’’ и против Д.Т.(61) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање’’.

На 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект, како и во објект на правно лице, сопственост на првопријавениот, при што биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од растението канабис и дигитална вага.

Додека, при претресот на објект на правното лице, во хаварисано возило била затекната второпријавената која пакувала марихуана.

  • Banner