Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, продолжува да го зајакнува својот тим со млади, енергични и посветени кадри, следејќи ја визијата за современа, динамична и развојно ориентирана Струмица. Како што истакнува, неговата основна задача е да ангажира чесни и работливи личности, кои со својата професионалност и интегритет ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.
„Визијата е да создадеме од Струмица место каде што секој може да го даде својот максимален придонес и тој заеднички успех да биде признат“, вели Јанков, нагласувајќи дека силен и функционален тим е предуслов за реализирање на бројните проекти и иницијативи во интерес на заедницата.
Во таа насока, денеска градоначалникот Јанков го прошири својот тим, поканувајќи го Методија Пасков да биде дел од неговото најблиско соработничко окружување.
Пасков ќе го води Кабинетот на градоначалникот, преземајќи одговорна улога во координацијата на активностите, комуникацијата со граѓаните и поддршката на стратешките политики на Општина Струмица.























