strumica denes logo

МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА СТУДЕНТИТЕ ДА АПЛИЦИРААТ: ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА СТУДЕНТСКИ ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ!

Автор:

Датум:

ноември 18, 2025

Автор:

Датум:

ноември 18, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е објавен јавниот повик преку кој секој студент ќе може да добие по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

Тој ги охрабри сите студенти – околу 55.000, според неговите зборови да се пријават на повикот.

„Јавниот повик е објавен и ги повикувам сите студенти да аплицираат. Она што го ветивме, тоа и го реализираме – секој студент добива 15.300 денари за купување електронски уред“, изјави премиерот.

Мицкоски објасни дека се чекало официјалното завршување на изборниот процес за да се објави повикот, кој ќе биде отворен до 1 јануари 2026 година.

„Не сакавме, како што правеле многу влади во минатото, ова да го објавиме пред избори и да се протолкува како неетичко однесување. Затоа почекавме изборите формално да завршат со одлуката на ДИК. Ги повикувам студентите да се пријават – повикот е отворен до 1 јануари 2026“, нагласи Мицкоски.

  • Banner