strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСИЛ ВАЛМАРСКИ ВО БОРБА ЗА ТИТУЛА ПРОТИВ МАРОКАНЕЦОТ EL BADR!

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Струмичанецот Васил Валмарски, професионален кикбоксер и горд претставник на Македонија, на 13 декември 2025 година ќе се соочи со искусниот марокански борец El Badr во спектакуларната гала вечер MAXIMUS RISING NIGHT, која ќе се одржи во ESW Arena Göppingen, Германија.

Оваа борба, која ќе трае 5 рунди по 2 минути, е од особено значење за Валмарски, бидејќи се работи за професионален меч за титулата, каде младиот струмичанец ќе има можност да ја докаже својата доминација против противник кој е 16 години постар.

Со својата упорност, дисциплина и македонски борбен дух, Валмарски ја носи националната гордост на меѓународната сцена, мотивирајќи ја младата генерација борци од Струмица и целата држава.

Публиката со нетрпение ја очекува оваа борба, верувајќи дека Васил ќе ја покаже својата сила, техника и страст кон спортот и дека титулата ќе ја донесе дома, во Македонија!