strumica denes logo

МОБИЛИЗАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЗА НИНА: Средношколската комедија „Моите бебиња“ повторно на сцената, овој пат со хуманитарна цел!

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

Автор:

Датум:

ноември 6, 2025

По големиот успех постигнат во април годинава, средношколската театарска претстава „Моите бебиња“ на СОУ ,, Јане Сандански” повторно ќе се изведе пред публиката. Претставата, која на образовното рандеву МАССУМ во Кавадарци во конкуренција од 16 средношколски претстави ја освои втората награда од стручното жири, ќе има реприза на 7 ноември 2025 година (петок) со почеток во 20:00 часот во Домот на културата „Антон Панов“.

Публиката која ја проследи премиерата се смееше до солзи, а аплаузите не престануваа.

Сега, младите актери повторно ќе ја пренесат својата енергија, креативност и хумор на сцената и ќе ја исполнат вечерта со смеа и уметност.CВо духот на хуманоста, средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за финансиска поддршка на лекувањето на Нина Димитриевска.

🎟️ Цената на билетот изнесува 100 денари, а билетите се достапни:
• на касата во Домот на културата „Антон Панов“,
• во Bu Coffee to Go,
• и во СОУ „Јане Сандански“.

🎭 Навреме обезбедете си билет! 🎭