strumica denes logo

ЧЕТИРИТЕ ОПШТИНИ ОД СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА СО ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА: Решавање на проблемот со дивите депонии, јавен превоз во целиот регион, регионална туристичка понуда за побрз развој!

Автор:

Датум:

ноември 4, 2025

Автор:

Датум:

ноември 4, 2025

Во Општина Струмица денес се одржа значаен работен состанок на кој присуствуваа градоначалниците на четирите општини од Струмичката котлина – Петар Јанков (Струмица), Славе Андонов (Василево), Ристо Манчев (Босилово) и Ѓорѓе Божинов (Ново Село). Средбата претставува историски чекор кон создавање заедничка визија за развој на целиот регион како единствена целина.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На иницијатива на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, локалните лидери разговараа за продлабочување на меѓуопштинската соработка во повеќе области со цел поефикасен и рамномерен развој на регионот.

Меѓу темите што беа опфатени на состанокот се:

Решавање на проблемот со дивите депонии во регионот;

Воспоставување заеднички систем на јавен превоз во целата котлина;

Развивање на регионална туристичка понуда за побрз економски раст;

Поттикнување на координирана меѓуопштинска соработка во повеќе сектори.

Со оваа иницијатива се создава основа за заедничко планирање и реализација на проекти што ќе придонесат за подобар квалитет на живот и одржлив развој на целиот струмички регион.

  • Banner