Со решение на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, за в.д. директор на Јавната општинска установа за деца – градинка „Виножито“ Струмица е назначен Васко Наќев, кој досега беше вработен во истата установа и ја извршуваше функцијата заменик на досегашната директорка.
Васко Наќев е дипломиран професор по предучилишно воспитување со долгогодишно искуство во областа на образованието. Своевремено ја извршувал функцијата директор на ООУ „Гоце Делчев“ во Босилово, каде оставил забележителен придонес во унапредувањето на наставниот процес и организациското функционирање на училиштето.
Со ова именување, општина Струмица продолжува со практиката на избор на професионалци со искуство и компетенции во областа на образованието и грижата за најмладите.























