На конститутивната седница на Советот на општина Василево, за нов претседател беше избран Миле Митевски, жител на селото Пиперево. Со ова, Пиперево повторно добива свој претставник на едно од најзначајните места во локалната самоуправа.
Изборот на Митевски беше поздравен со искрени честитки и поддршка од колегите советници и градоначалникот, кои изразија убеденост дека заедно ќе придонесат за напредокот и развојот на општината.
„Го познавам како чесен, одговорен и вреден човек и верувам дека заедно – Совет и Градоначалник – ќе ја водиме општина Василево во вистинска насока“, изјави градоначалникот на општината, потенцирајќи ја заедничката цел – развој, напредок и подобар живот за сите граѓани.
🤝 Општина Василево и понатаму останува посветена на соработката и транспарентното работење, градејќи заедно поуспешна и посилна локална заедница.























