Во Словенија во тек е Светското првенство во хип-хоп и попинг, на кое оваа година учествуваат над 4.600 натпреварувачи од целиот свет. Македонија е претставена со силен тим од 197 танчери, кои се натпреваруваат во повеќе категории и возрасни групи.
Посебно внимание привлече настапот на струмичанката Викторија Трајановска, која во конкуренција од 66 учесници успеа да го освои високото 17-то место во категоријата Popping Solo – Adults. Овој резултат претставува значаен успех за македонскиот урбан танц, но и уште една потврда за квалитетот на струмичката танцова сцена.
Натпреварите продолжуваат и во следните денови, а нашите претставници со гордост ги бранат боите на Македонија на светската танцова мапа. 🇲🇰






















