strumica denes logo

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра во Македонија!

Автор:

Датум:

октомври 13, 2025

Автор:

Датум:

октомври 13, 2025

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, велат од МФ.

Околу 4 милиони денари месечно (65 илјади евра), колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство со укинувањето на ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра, посочуваат од Министерството за финансии. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија. Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стока ослободена од данок што понатаму се продава на домашниот пазар. Со оваа измена, државата праќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании што создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата – посочуваат од МФ.