За сите љубители на културното наследство, вратите на Градската галерија во Струмица ќе бидат отворени во периодот од 13 до 18 октомври, кога посетителите ќе имаат можност да ја погледнат изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“, авторство на д-р Душко Цветанов.
Во рамките на изложбата се претставени научни истражувања, визуелни прикази и фотографии од најзначајните средновековни тврдини на територијата на југоисточна Македонија, прикажувајќи ја нивната историска, културна и архитектонска вредност.
Изложбата ќе биде достапна за јавноста секој ден во периодот од 17:00 до 19:00 часот, при што посетителите ќе можат да се запознаат со богатото културно наследство и да ги согледаат резултатите од долгодишните истражувања на авторот.