Октомври, носи два неработни дена за сите граѓани. Едниот се паѓа во сабота, другиот неработен ден ќе донесе полу-продолжен викенд.
Денот на народното востание, 11 октомври, кој се паѓа во сабота ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.
До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”.