strumica denes logo

Во организација на Елеуса Фондација, хуманитарни концерти на добрината во Берово и Дојран!

Автор:

Датум:

октомври 7, 2025

Автор:

Датум:

октомври 7, 2025

Во организација на Елеуса Фондација, оваа недела ќе се одржат два Хуманитарни концерти на добрината, со цел преку музика, традиција и заедништво да се поттикне хуманоста и поддршката кон оние на кои им е најпотребна.

Првиот концерт ќе се одржи во Берово, на 11 октомври 2025 година, со почеток во 14:00 часот, а вториот во Дојран, на 12 октомври 2025 година, со почеток во 13:00 часот.

На концертите ќе настапат:
🎶 ВИС „Стихири“ од Струмица,
💃 Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“,
🕊️ и Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Дојран.

Настаните ќе понудат богата програма исполнета со музика, песни и традиционални игри, преку кои публиката ќе има можност да ужива во културното богатство на нашата земја и истовремено да биде дел од едно дело на добрина и човечност.

Елеуса Фондација со овие хуманитарни концерти продолжува со својата мисија за поттикнување на солидарноста, заедништвото и поддршката кон ранливите категории во општеството.