strumica denes logo

31 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ УКРАЛ АВТОМОБИЛ „БМВ“, ИСТИОТ Е ПРИВЕДЕН И ЗАДРЖАН ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА!

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

На 25.09.2025 година во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица.

При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025 година. Запознаен е јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.