strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА НА ГОЛЕМАТА СЦЕНА ВО „THE VOICE OF GERMANY“

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Талентираната струмичанка Тина Русева е пред нов голем предизвик, настап на престижното музичко шоу „The Voice of Germany“. Родена и израсната во Струмица, а денеска со адреса во Леверкузен, таа ја носи својата музичка приказна на интернационална сцена, подготвена да ја покаже магијата на својот глас.

Со својот енергичен настап и харизма, Тина најавува дека ќе им остави силен впечаток на жирито и публиката. Нејзините сограѓани веќе ја поддржуваат и веруваат дека пеењето ќе и биде природно како игра, оставајќи трага во срцата на сите кои ќе ја слушнат.

Новата сезона започнува на 25 септември на ProSieben од 20:15 часот, а наскоро ќе биде познат и датумот кога Тина ќе застане на големата сцена. Дотогаш, останува да и посакаме многу успех и да ја бодриме нашата струмичанка во оваа музичка авантура.