strumica denes logo

КРСТОТ НАД СТРУМИЦА ВО ТЕМНИНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ!

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Граѓаните на Струмица со загриженост реагираат дека крстот кој се издига над градот не свети повеќе од еден месец.

Крстот не е само верски објект, туку и еден од најзначајните градски симболи што носи силна духовна и културна вредност. Тој е дел од идентитетот на градот и туристичка атракција која со својата светлина со децении го красела струмичкиот хоризонт.

Жителите апелираат до надлежните институции што побрзо да интервенираат и да ја вратат светлината на крстот, за овој симбол повторно да ја има својата препознатлива улога – духовен, културен и визуелен знак на Струмица.