Биди дел од тимот на Р.К. Астраион!
Ракометниот клуб „Астраион“ објави бесплатен упис за сите нови членови кои сакаат да се приклучат на спортот, другарството и адреналинската возбуда што ја носат натпреварите.
Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Парк“ според следниот распоред:
Понеделник од 16:30 часот
Среда од 17:00 часот
Четврток од 17:00 часот
За квалитетната работа со младите се задолжени лиценцираните тренери Александар Цонев (077-707-393) и Ристо Георгиев (072-274-032).
Од клубот порачаа дека ова е вистинска можност за сите млади љубители на ракометот да започнат своја спортска приказна и да станат дел од тимот на Астраион.