Во рамки на стратегијата на Министерството за култура и туризам за оваа година, посебен акцент е ставен на капиталниот проект – изградба на Музеј на вода во Дојран, преку реконструкција на праисториската наколнa населба во Дојранското Езеро.
Во моментов, на локалитетот Мрдаја се спроведуваат заштитни археолошки истражувања, кои претставуваат прв чекор кон реализација на проектот. Идејното решение е изработено од Завод и музеј – Струмица, а од следната година се очекува подготовка на основниот проект за изградба на музејот.
Реконструираната наколнa населба ќе биде поставена директно на езерската површина и ќе функционира како жив музеј на отворено. Со својата автентичност, визуелна атрактивност и едукативна вредност, објектот ќе претставува значајна културно-туристичка атракција за домашните и странските посетители.
Во комбинација со богатото природно, историско и културно наследство на Дојран, проектот има потенцијал да го позиционира градот како водечка дестинација за културен и археолошки туризам, не само на национално, туку и на регионално ниво.