Синоќа на полноќ истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори во Струмица. До Општинската изборна комисија пристигнаа четири кандидатури за градоначалник – Марјан Даскаловски (СДСМ), Петар Јанков (ВМРО-ДПМНЕ), Ристо Цасконоје (Единствена Македонија) и независниот кандидат Драган Котуровиќ.
За советнички места во Советот на општина Струмица поднесени се седум листи од различни политички партии и движења. Во текот на денот ОИК ќе ги разгледа и потврди поднесените кандидатури.