strumica denes logo

ДО 30 СЕПТЕМВРИ Е ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ШУМИТЕ!

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја извести јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30.09.2025 година.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.

„Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина“, изјавија од Министерството.