strumica denes logo

ФАТЕНИ КРАДЦИ ОД СТРУМИЦА ШТО ДЕЈСТВУВАЛЕ НИЗ ЈУГОИСТОКОТ – МЛАДИ МОМЧИЊА ИЗВРШИЛЕ 26 КРИВИЧНИ ДЕЛА!

Автор:

Датум:

август 20, 2025

Автор:

Датум:

август 20, 2025

СВР Струмица објави дека се расчистени повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода биле лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица.

Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба“, шест кривични дела „одземање моторно возило“ и 18 „кражби“.

На подрачјето на Радовиш, од слобода е лишен А.А(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули 2025 година во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.

Исто така, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.А.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во претходниот период во Струмица извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и едно кривично дело „кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинтиел и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.