Струмица ќе биде центар на забавата на 24 август 2025 година! Со почеток од 17:00 часот, во Symbol Retail Park, Театар Отпишани од Скопје ќе приреди незаборавен музичко-театарски спектакл кој ќе ги воодушеви и децата и возрасните.
Програмата започнува со големото Music Talent Show – уникатно натпреварување во кое на сцената ќе блеснат најпознатите суперхерои: Спајдермен, Супермен, Бетмен и нивните пријатели. Под водство на шармантниот Супер Марио, публиката ќе ужива во музички и танцови настапи, хумор и изненадувања.
По завршувањето на шоуто, ќе бидат доделени награди на најдобрите детски изведувачи од публиката, со можност за фотографирање и дружење со јунаците. Следува настап на Панто Мето, кој со својата интерактивна пантомима ќе донесе уште повеќе смеа и радост.
Вечерта ќе продолжи со емотивната и инспиративна детска претстава „Плашливиот Лав“ – топла приказна за храброста, пријателството и исполнувањето на соништата, во која лавот Роби, со помош на кловнот Боби, ќе ја совлада својата трема и ќе го исполни својот голем музички сон.
По изведбата на „Плашливиот Лав“ ќе следуваат забавни игри со детската публика и фотографирање со јунаците, со што вечерта ќе заврши во дух на смеа, дружба и незаборавни моменти.
Не го пропуштајте овој спектакуларен настан! Влезот е бесплатен!