Познат е целосниот идентитет на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Боливија, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија српските медиуми станува збор за 43-годишниот Д. Л, познат под прекарот „Македонец“. Според информациите, тој е од Струмица.
Еден од убиените граѓани на Србија во Боливија е М.Ѓ(38) од Ниш. Како што открива нашиот извор, втората идентификувана жртва е Д.Л (43), познат како Македонец од Струмица во Македонија.
Третата жртва, за која се верува дека имала фалсификувани документи со себе, се` уште не е идентификувана – вели соговорникот. Да ве потсетиме дека се сомнева дека тројца мажи се убиени во конфронтација со нарко-картели во Јужна Америка. Според медиумите, телата на тројца мажи биле пронајдени во црни најлонски кеси. Истражителите се сомневаат дека џелатите ги мачеле пред да ги застрелаат. Според нивните изјави, телата се предадени на обдукција.
Инаку, во Јужна Америка се случил конфликт меѓу криминални групи околу приматот во трговијата со дрога, а во таа прилика бил убиен М.Ѓ. Убиен е и Д.Л., државјанин на Македонија.