🚨Синоќа, (петок) 25.07.2025 година, околу 19 часот пироманите опасно се доближија до околните ридови на Струмица и блиските населени места.
Додека наши тимови беа ангажирани на големиот пожар на Готен, на три локации речиси истовремено избувнаа пожари.
✅ Триводи
✅ Градошорци
✅ Куклиш
⚠️Според кажувањата на пожарникарите-спасители во близина на пожарот кај Три води се чувствувала силна миризба на запалена гума.
🚨Веднаш беа мобилизирани дополнителни тимови од пожарникари-спасители и испратени на овие локации.
Сите пожари беа навремено локализирани и ликвидирани.