strumica denes logo

Од први септември пожарникарите во Струмица ќе земаат плата од 80.000 денари!

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, најави дека е во тек подготовка на историски договор со кој струмичките пожарникари-спасители од септември ќе станат најплатените и најценетите во цела држава.

Платата на секој пожарникар ќе достигне 80.000 денари, надополнета со, исплата на хранарина, исплата на прекувремена работа, надоместоци за ноќни и ризични смени, целосно покриени трошоци за паркинг и јавен превоз, истакна Костадинов.

„Овие луѓе не се статистика. Тие се оние кои трчаат кога сите бегаат. Минималното што можеме да направиме е да им ја вратиме честа и достоинството“, изјави Костадинов.

„Ова не е маркетинг. Ова е државност во пракса. Ова е признание дека без мотивирани и храбри луѓе – нема безбедна заедница. Јас нема да дозволам хероите да живеат како анонимуси, изјави Костадинов

Додека некои дебатираат дали има пари, Струмица покажува дека каде што има волја – има и пат. Ако правната рамка го дозволи, договорот ќе стапи на сила од 1 септември 2025 година.

„Само со мотивиран и одбран тим, Струмица може да биде сигурна, стабилна и подготвена. Ова е мојата лична благодарност до секој пожарникар“, порача градоначалникот.