strumica denes logo

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн!

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Автор:

Датум:

јули 15, 2025

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk.

„На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите, повторно ја направивме достапна електронската апликација за закажување термин за лична карта, пасош, возачка дозвола,“ објави министерот Стефан Андоновски на Фејсбук.

Тој додава дека со оваа иницијатива продолжува мисијата да ја дигитализира јавната администрација.