strumica denes logo

Свидетелствата во Македонија ќе се заменат со електронски оценки!

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Од наредната учебна година место печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование во Македонија ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис.

Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за овој дигитален процес.

„Децата и родителите де факто и немаат потреба да го имаат свидетелството во раце освен што тоа е некаков начин да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некои и да се разочараат и да вложат повеќе труд“, вели таа.

Измената нема да се спроведе од годинава затоа што голем број ученици и родители не знаат како тоа да го направат, особено во рурални средини каде нема опрема и интернет.

„Дигиталната писменост треба да се поткрене на повисоко ниво. Очекувам дека следната година барем над 90 проценти ќе може да се заврши така, иако системот и сега е подготвен за тоа“, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на настан во Македонската банкарска асоцијација.

Средните училишта, откако електронски ќе се пријават учениците, по електронски пат ќе може да ги повлечат сите свидетелства, за да го проверат успехот на ученикот. Исто така и факултетите електронски ќе можат да ги повлечат свидетелствата од средното образовани, при упис на нови студенти.