strumica denes logo

Само 41 отсто од младите во Македонија имаат позитивен став за Европската унија!

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Одвај 41 процент од младите во Македонија имаат позитивен став кон Европската унија, но евроскептицизмот расте, па речиси половина од младата популација во државава не верува дека нејзината татковина наскоро ќе стане дел од ЕУ.

Ова се поразителните резултати од изјаснувањето на над 1.000 млади луѓе од Македонија кои учествуваа во онлајн анкета спроведена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, од Европскиот центар за извонредност од Брисел и од Фондацијата „Фридрих Науман“.

Корупцијата се споменува како најголема пречка за европска интеграција, пришто дури 84 проценти од младите ја сметаат за клучен проблем, а по неа следуваат билатералните спорови и недовербата во институциите.

Иако 53 проценти од младите велат дека се доволно информирани за европските вредности, нивниот главен интерес е насочен кон можностите за работа и образование во земјите од ЕУ.

На прашањето која земја од регионот прва ќе стане членка на Унијата, младите најчесто ја споменуваат Албанија, потоа Црна Гора, а дека тоа ќе биде Македонија во следните пет години сметаат само 8 отсто од анкетираните.